Колку пријатели всушност имаме?
37, Bitola, Macedonia

Колку пријатели всушност имаме?1971167820.jpg 

Кога ни цветаат рози во животот, околу себе имаме мноштво пријатели, но само во кризни ситуации навистина се гледа кој ни е пријател. Новото истражување покажало дека повеќето од нас можат да се потпрат само на три вистински пријатели.

- Британското истражување покажало дека во просек имаме три пријатели, а дека во текот на животот губиме контакт со 36 луѓе.
- Испитаниците признале дека просечно имаат 16 пријатели, но 48% признале дека повеќето од нив им се пријатели од навика и дека воопшто и не се блиски со нив.
- Повеќе од половината признале дека причина за прекинувањето на контактот со некои од пријателите е забрзаното темпо на живот.
- СМС пораките, мејловите и социјалните мрежи, како што е Фејсбук, денес се најпопуларните начини за комуникација на дневна база, признале испитаниците.
- Интересен е податокот и дека дури 43% од испитаниците признале дека се скарале со пријатели со кои повеќе не разговараат, а 28% рекле дека ако со пријателот не се гледаат редовно, губат волја за понатамошен контакт.
- Едно од шест лица признало дека нема намера да контактира повеќе со пријател со кој се нема слушнато една година.
- 68% рекле дека посакуваат да останале во контакт со старите пријатели од училиштето, - 18% признале дека се зближиле со соработниците на работното место бидејќи немаат други пријатели.

46 skatījumu
 
komentāri

Pašlaik nav neviena komentāra
Atstāj komentāru, un uzsāc diskusiju!

Blogs
Blogi tiek atjaunināti katras 5 minūtes